НАШАТА ПАЦЕ МИС – ПЕНЗИОНЕРКА

Дека прилепчани се посебни и лидери во сите сфери, докажува и освојувањето на титулата мис пензионерка од наша сограѓанка. Паце Милонас (65 години) е прогласена за најубава во конкуренција на неколку стотици пензионерки, на изборот на убавица кој се одржа на празникот Свети Трифун во Кавадарци.

Освен со титулата најубава пензионерка, нашата сограѓанка била прогласена со титулата најдобра и највесела играорка. Никогаш не пушела, а пие само вода и чај. Многу пешачи и никогаш не се прејадувала. Била работничка во прилепската печатница. Јаде многу зеленчук и овошје, а не конзумира месо и пости… Не крие дека користи и козметика, но генот бил пресуден.

Паце е мајка на еден син, кој има 42 години и баба на две внучиња, кои се гордееле што имале “млада” и убава баба.            

Loading