МАЈСТОРИ ОД 10 ЗЕМЈИ

Билијард во клуб Инсомниа

Гркот Никос Економопулос е победник на “Инсомнија ОПЕН”, меѓународниот турнир во истоимениот билијард клуб. Во финалето со 8-5 го совлада Србинот Шандор Тот. Економопулос беше најголемиот фаворит, со највисок пласман, шести на светската ранг – листа, освојувач на четири медали на европски првенства, од кои еден златен. Третото и четвртото место се за Албанци, Кленти Качи и Ерман Дили. Меѓу 105 учесници од 10 земји имаше и Македонци, а најдалеку стигна Жика Михајловски, до осминафиналето, каде беше запрен од Србинот Зоран Свилар. Настапија и седум прилепчани за собирање искуство.

Турнирот од организаторски аспект високо го оцени меѓународниот судија Ален Надсомбат од Хрватска.

Loading