ДВАПАТИ ДОМАЌИНИ

Џудо

Џудо клубот Сеишин од ЏФМ доби организација на значајно натпреварување за тековнава година, државното екипно сениорско првенство. Планирано е кон крајот на сезоната. Според усвоениот календар, претходно е семинарот за судии и тренери, потоа се поединечните државни првенства за сениори и кадети, па за јуниори и пионери, за основните училишта. Сите натпревари се филтер за состав на репрезентациите.

И годинава, ЏК Сеишин ќе продолжи со организација на традиционалниот, меѓународен турнир “Прилеп град херој”.

Loading