ДОВОЛНО ТЕСТОВИ ЗА ПОБЕДА

Фудбал

За разлика од минатите тешки години, зимава Победа одработи тренинзи надвор и одигрува многу пријателски. Последната е со второлигашот Дрита во Кичево, совладана со 1-0, по голот од пенал на Гешоски. Настапија: Талески – Јанкулоски, Момироски, Ф. Мирчески, Димитриоски – Мегленски, Крстески, Карчески – Чешелковски, И. Мирчески, Гешоски, во вториот дел Котески, Велјаноски, Илијовски, Б. Митрески, Стомнароски, Зојчески, Богоески, Јанкоски и Оџаклиоски. Покрај повредениот В. Петрески, одмораа уште Милошески, В. Митревски и Ацески. Билансот е две победи (уште 1-0 со Пелистер), два пораза (0-2 од Металург, 0-1 од Младост Лучани), четири реми (Тиверија, Врапчиште и 11 Октомври по 11, Брегалница 0-0).

Тука нема застој, викендов извесно е дека ќе следи нова проверка во Г. Коњари, а потоа ќе има одмор и свртување на погледите кон првенството на 1 март, кога е гостувањето на Скопје.

Loading