ТРЕВА СЕ СЕЕ НА ГРАДСКИ

Реновирање

Десетти ден се реновира теренот од градскиот стадион “Гоце Делчев”. Планирано е сеење нова трева на површината од десетина декари. Зафатот се случува по четири децении, но тогаш беа поставени базје, парчиња трева. Пролетва, додека трае вегетацијата, процесот на нараснување до потребната височина, извесно е дека второлигашите Победа и 11 Октомври ќе мора првенствените мечеви како домаќини да ги играат во Битола или друг соседен град.

Се работи и на помошните игралишта, старото кај Гарнизонот и новото со вештачка подлога кај некогашната Зоолошка.

Loading