РОТАЦИИ ВО ПОБЕДА

Фудбал

Пријателските мечеви се без оптоварување во однос на резултатот и тренерите можат да комбинираат разни состави. Јане Николоски на секој дуел има различни постави да ги види можностите на сите првотимци на Победа. За напорната пролет сите се потребни, без оглед дали настапуваат во првото или второто полувреме. На првиот тест со Пелистер (1-0) беа Талески – Димитриоски, Момироски, Ф. Мирчески, Д. Котески – Мегленски, Карчески, В. Петрески, Ацески – Јанкоски, Зојчески, а на завчерашниот дуел со Брегалница (0-0) почнаа Сркески -Димитриоски, Момироски, Ф. Мирчески, Богоески – Стомнароски, Крстески, Ацески – Чешелковски, Карчески, Зојчески, продолжија Кебакоски, Милошески, Илијовски, И. Мирчески, Јанкулоски, Котески, Мегленски, Јанкоски и Гешоски. Доживеани се порази, 0-2 од Металург и 0-1 од Младост Лучани, нерешени 1-1 со Врапчиште, со голот на Чешелковски и 1-1 со Тиверија, по голот на Илијовски.

За поквалитетни вежби на тренинзите, Победа набави нови реквизити од Бугарија.

Loading