“ЧОВЕКОТ КОЈ СТАНА ФЕНИКС” ОД АЛЕКСАНДАР МАРКОСКИ

“Човекот кој стана феникс” е првенецот роман кој го промовираше младиот автор Александар Маркоски, студент на Правниот факултет во Битола. Во криминалистичката содржина, авторот детално го опишува младиот Марко, кој минува низ несекојдневен период, исполнет со многу пресврти.

– Доминира ликот за млад човек, кој како и секој во себе носи одреден поглед кон вистината и опкружувањето. Тој е највисока форма на субјективен одраз од објективната реалност, движејќи се по контурите на немилосрдноста од околината – вели Маркоски.

Loading