ПЕАТ, СВИРАТ И МИКСААТ ДИЏЕИТЕ ИГОР И МАРИО

Kid H.E.Y.O. i Mario Eddie, односно 28 годишниот Игор Андреев и 18 годишниот Марио Кузманоски се двајца млади талентирани сограѓани кои настапуваат како диџеј-двојка, исполнувајќи свои верзии на познати денс-хитови. Дуото ем свири, ем пее, ем микса музика  Хаус. Жарат и палат, сî живо креваат на нозе низ дискотеките и клубови во градов и земјава. Ориентација им се живи креации со помош на компјутер.

На Андреев, од мали нозе му лежала музиката. Таа му е наследство од татко му, кој бил бас гитарист. Не е бос за музика, туку минал шест години, совладувајќи ја умешноста на управувањето со клавишите од клавирот во музичкото училиште. Не само што свири на синтисајзер, туку и пее и миксира. Пред пет-шест години заминал во Дубаи каде бил резидент диџеј во познат бар. Настапувал како диџеј и на Канарските Острови, на Тенерифе. Тој дома има и музичко студио.                        

Loading