КАДАРОТ 100 ОТСТО ИСТ

Кошарка

По едномесечни подготовки третолигашот Марфил спорт го чека пролетниот првенствен старт в сабота (14 ч.) во “Р. Р. Ричко” со кумановскиот тим КК Михајловски. Според клупската стратегија, нема нови, ниту заминати играчи. Тука се сите 16 првотимци од есеноска. Тренерот Сашо Костоски е оптимист по двата теста, победата над младинците од Пелистер и поразот од вториот состав на Фени.

– Очекуваме поволен исход. Пролетва не размислуваме за пораз дома. Комплетни тргнуваме кон двата бода – вели Костоски.

Гостинот КК Михајловски есеноска победи дома со 79-55, а моментно во Третата лига е трет со 10 бода, еден помалку од лидерот Борец баскет. Меѓу седум тима, петти со седум бода е Марфил спорт.

Loading