Од вечерва в галерија
Изложба на 25 графики од уметникот Евгениј Пантев ќе биде отворена вечерва од 19 часот во ЦК “Марко Цепенков” на првото самостојно претставување.
Творештвото на Пантев, вели Дејан Буѓевац е со прецизна, фина и сосема промислена графичка поетика.
– Пантев креира особен и искуствен визуелен контекст, ослободен од поинакво и “трендовско” третирање на графичкиот лист- вели Буѓевац.
Евгениј Пантев, роден во Софија, дипломирал на ФЛУ Скопје на одделот за графика и графички дизајн. Моменто е постдипломец, а имал повеќе самостојни изложби во Македонија и групни во Бугарија.