БАКАЛСКА ФЕШТА ПОЧЕСТЕНА СО ПОГЛАВАРОТ

За празникот Св. Три Светители

И годинава прилепските бакали и дуќанџии се собраа за празникот Свети Три Светители. Во чест на Светите Василиј Велики, Јован Златоуст и Григориј Богослов, кои се сметаат за патрони на бакалскиот еснаф, во соборниот храм Св. Благовештение се отслужи света архиерејска литургија на која чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан. Всушност трите најголеми ревнители, поборници на православието и големи црковни великани во Прилеп се празнуваат одамна, а не изостанува и добрата дружба, свечениот ручек и заедничката фотографија во црковниот двор сведочи за заедништвото кое го имаат трговците.  

Loading