ТРИ МЕСЕЦИ ФИЛМСКИ ПРОЕКЦИИ

Во киното Мис Стон

Веќе три месеци, по неколку дена во неделата на репертоарот на киното Мис Стон се прикажуваат нови играни филмови, кој ЦК “Марко Цепенков” го добива од македонските диструбутери. Проекциите на вечерните филмови се од четврток до сабота од 19 часот. Вечерва и утре на репертоарот е филмот “Грабнување”. Одлуката е донесена по два месеци проекции, при што се констатира дека токму тие денови има најголема посета.  

Филмови гледале неколку илјади посетители, со што се оправда  отворањето на киното.

Во вечерните термини се прикажани над 10 филмови. Најгледан е филмот “Балканот не е мртов”, со кој се отвори и киното Мис Стон на почетокот на ноември.

Не се заборавени ни најмладите. Секоја недела за децата од 11 часот се прикажува детски анимиран филм, синхронизиран на македонски јазик.

Центарот дава и организирани проекции за учениците од основните и средните училишта. 

Loading