“ДЕНЕС, КОГА СТАНУВАМ ПИОНЕР…”

Сe до 1991 година, односно до распаѓањето на социјализмот, задолжително беше секое дете кога ќе наполни седум години да стане титов пионер. Датумот беше секогаш ист – 29 ноември, Денот на републиката. Прилепските, како и другите деца манифестацијата ја сфаќаа многу сериозно. Со денови, ако не и недели, ја учеа заклетвата за приклучок во пионерската организација. Сите дечиња со сини титовки и црвени марами околу вратот, со родители, баби и дедовци, во хор ќе дадеа заклетва дека од тој ден се колнат за верност кон Тито. Децата беа охрабрувани од учителите да ги цртаат знамињата на Југославија и СР Македонија, на мали листови од блокчиња.

По 91. година, децата немаа никакви “државни” обврски, и едноставно добиваа лепенки од Обединетите Нации, дека станале членови на детското глобално семејство. Сепак, сите што станале пионери, веројатно уште ја чуваат марамата и капата, како доказ дека поминале едно животно поглавје, без оглед на менетиот општествен систем.    

Loading