ПОДОБРИ ДЕНОВИ

Игралишта

Минатото не беше за пофалба во однос на фудбалските игралишта, но доаѓаат подобри денови ако судиме по моментната ситуација. Според оценка на фудбалерите, зимава најдобар е теренот на Могила, задоволува на Спортски центар, а загрижува главниот на Градски, за кого во план е санирање напролет. Радува градбата на нови кај некогашната Зоолошка и кај Гарнизонот.

– Нетрпеливо го чекаме кај Зоолошката со вештачка подлога, прв по европски стандарди. Вредна инвестиција е, за ефективен тренинг. Не да ја бараме топката далеку зад голови, туку ограден. Не како сега без санитарии, туку со соблекувални и сî што треба за непречена работа – вели Коле Вецески, тренер.

Секој терен е добредојден за школите и екипите Победа, 11 Октомври, Варош, Пролетер, Прилеп сити и Тризла.

Loading