НЕДОФАТЛИВ ПОЕН

Пинг – понг

Колку еден поен може да биде пресуден и недофатлив, на своја “кожа” чувствуваат пингпонгарите. На вториот зимски пионерски турнир “Здравје Радово”, во борбата за трето место, претставникот на ППК Младост 96 Бојан Илиески во решавачкиот петти сет водеше 10-8, но немаше среќа да го освои 11 поен. Противникот Методиј Бужаровски од Рисови – Скопје нареди четири поени во серија и победи. Возбудувања имаше и клупскиот другар Александар Рикалоски. Тој стигна до финалето со пет максимални победи по 3-0, а таму загуби со 3-1 од Филип Костадиновски од Гоце Делчев – Штип. Меѓу 40 учесници Рикалоски е втор, а Илиески четврт.

На 15 февруари е следниот турнир во младинска конкуренција, каде на двајцата пионери им се придодава Христијан Иваноски.

Loading