БРАТСТВО – ЕДИНСТВО

Историја

Во поранешната СФРЈ имаше натпреварување “Куп братство – единство” со цел фудбалот да даде придонес кон поврзување на народите и народностите. Имаше мечеви меѓу републиките и покраините. Еден од нив се одигра во Прилеп, 1975 година, кога Македонија со 3-0 ја совлада Војводина. Од Победа настапија Дрвошанов, Магдески и Глигороски, кој го даде третиот гол.

Некои се со став дека токму тие мечеви треба да се сметаат за први репрезентативни на Македонија, но има и спротивни размислувања дека се работело само за ревијални дуели, не со сериозна селекција, туку со намера да бидат застапени играчи од повеќе клубови.

Loading