СРЕЌАТА КАЈ АЛЕКСАНДАР “МАКЕДОНСКИ”

Втора година, Александар Велјаноски (25) го фаќа светиот крст кој се фрла во спомен на Христовото крштевање, а по кој скокнаа 83 верници. Возбудата и радоста беше преголема, па се претстави како “Македонски”.

Инаку, празникот Богојавление кога се верува дека се јавиле пресветите Тројца: Богот Татко од небото,  кој  зборувал за Синот кој се крсти од Јован и Светиот Дух кој од висините слетал како гулаб потврдувајќи го гласот на Таткото, се празнува насекаде. Огромен беше бројот на верниците околу базенот на Сонце ГА.

Градоначалникот Марјан Ристески присуствуваше на фрлањето на крстот во Мало и Големо Коњари, во Ново Лагово и Штавица. Во Тополчани, Чепигово, Витолиште, Маркова Чешма и во другите населени места на светиот чин присуствуваше делегација предводена од Претседателот на Советот, м-р Никола Димески и од раководителите на одделенијата при ЛС.

Со осветувањето, водата добива моќ. Се верува дека каде што ќе  помине чесен крст, годината ќе биде чесна и бериќетна – “како што капи капка вода, така да капи сребро и злато и да се роди бериќет”.

НАЈМАЛИОТ СКОКАЧ – 12 ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ

Мелани Бошеска (12) беше најмладиот учесник на традиционалниот чин “Водици”, меѓу 83 верници кои скокнаа по светиот крст во осветените води на базенот на Сонце ГА. Таа во студените води се фрли заедно со сестра í Ема, а им се придружи и Елена Наумоска.

Освен овие три девојчиња, во годинешната богојавленска традиција се вклучија и уште осумдесетина момчиња, а најсреќен беше Александар Велјаноски.

Loading