СПИРКОСКИ ШАМПИОН

Шах

На државното отворено првенство во шах за лица со оштетен слух, во Струмица, првото место го освои Милан Спиркоски. До осмата титула дојде со 14 победи, две реми и еден пораз од претставникот на Србија, победник на меѓународната табела. Во оваа конкуренција Спиркоски е трет, веднаш зад вториот, Србин. Доби пехар и бронзен медал. На првенството солиден пласман, петто место, имаше вториот прилепски претставник, Борис Стојаноски.

Според секретарот Диме Башески, шаховскиот клуб Слух Прилеп пролетва ќе биде домаќин на екипното државно првенство.

Loading