СОРАБОТКА КАКО НЕКОГАШ

11 Октомври

Нова страница се врти во односите меѓу двата најдобри градски клубови. Од 11 Октомври известуваат дека контактите со Победа се обновени и веќе се размислува за плодна соработка како некогаш. Зимскиов преоден рок можна е размена на играчи, на пример капитенот И. Мирчески за младинци во спротивна насока.

Во меѓувреме, подготовките на 11 Октомври се реализираат на Градски под водство на новиот шеф на Стручниот штаб Владимир Мицески, некогашен фудбалер на Варош, Напредок и Победа, а досега тренер на младинскиот погон. Асистенти се Круме Митрикески и Дејан Кулески. На располагање се 24 првотимци, меѓу нив седум нови младинци, а замина само Дарко Илиески во Металург.

Loading