“ПАРКИНГ”

Чекајќи да се решат имотно-правните односи за опожарената Стара НА-МА, да не биде толку ачик пустелијата, што остана по пожарот, поставен е ПВЦ параван. Сепак голем дел е оставен да се гледа празен, создавајќи неубава слика за градското јадро.

Ама состојбата статус-кво, како да му одговара некому. Поточно на возачите кои не можат да најдат паркинг место зад бизнис центарот, или на малото сокаче кое води до кејот на градската река, па ги оставиле возилата на тоа место.

Таа мала улица од секогаш била тесно грло за возилата, зашто нема тротоари ниту одредени паркинг места. Оставени  возила лево и десно, едвај може да се протне автомобил низ неа. Дополнителна мака е и ако доаѓа возило од спротивната страна, па во метежот не може да помине ни пешак.

Loading