НОВО ИМЕ?

Ракомет

Како се движат работите, според упатените привршува соработката на спонзорот Жито Прилеп со истоимениот женски ракометен клуб. Можна е промена на името. Клубот побарал од спонзорот да се изјасни околу ова и во очекување е на ставот. Пред пет години се викаше Кабран Амбалажа, а при основањето Прилеп Р/3. Без оглед на тоа, салата “Арена Сонце” останува под концесија на клубот најмалку до крајот на годинава.

Подготовките не се почнати, бидејќи се смета дека е рано, со оглед на најавите за старт на пролетниот дел дури на 15. март. Тимот продолжува со подмладувањето. Им дава можност на талентираните од градов. Иако бодовното салдо е скромно, постои верба дека ќе биде обезбеден опстанок. Есенскиот пласман е четврто место, три бода пред последната Кожувчанка. Отпаѓа само последниот тим, а петтиот игра бараж.

Loading