УСПЕСИ ВО СКОПЈЕ

Шах

Прилепчаните се покажаа на Божикниот турнир Карпош во Скопје. Во конкуренција на професионалци, меѓу 50 учесници, најдобар пласман имаше ВМ Звонко Станојоски, шести со 6, 5 поени, половина поен под првиот ИМ Филип Панчевски. Станојоски не дозволи пораз, петпати ремизираше, четирипати победи. Останатите сограѓани имаа пласман, 14. ИМ Тони Кироски, 25. Горан Готовуша, 30. Кире Николоски, 42. Марјан Дамчески и 47. Мартин Николовски.

Во конкуренција на аматери беа 63 учесници, а единствениот прилепчанец Марјан Дамчески го освои третото место. 

Loading