СЕДУМ ДЕНА ВО БУГАРИЈА

Борење

Веќе трет ден борачкиот клуб 7 Мај Леов се во Стара Загора, Бугарија, на зимски подготовки. Се работи за надежните Леонардо Насески, Бобан Бубрегоски и Теодор Темелкоски, со тренерот Илчо Марковски. Се тренира технички со бугарски стручнаци, оти техниките даваат ефект на меѓународно ниво и ќе бидат од полза за младите борачи.

Претстојат настапи дома и во странство, а има идеја за спектакуларен турнир на отворено во центарот на градов.

Loading