РАЗГРАБАНИ

Таленти

Стоперот Дарко Илиески од 11 Октомври е нов член на прволигашот Металург. Осумнаесетгодишникот беше незаменлив во второлигашот, а на скопјаните не им пречи слабиот пласман на клубот, туку им се бендисува талентот. Од една страна, штета е што играчи од овој калибар заминуваат, но од друга признание дека школите даваат резултати. Претходно, во клубот од Автокоманда заминаа голманите Александар Игески и Давор Талески, за врска Јорданчо Наумоски, како и шпицот Марјан Радески, најдобриот млад фудбалер во државава. Во подмладокот се уште Мартин Рутески, Огнен Саздоски и Марио Кузески. Во Работнички заминаа Филип Груески и Давид Цветанов. Од порано место во Македонија Ѓ. П. има за Лоренцо Николоски.

Loading