ОЧЕКУВАЊЕ ДАТУМ

Жито Прилеп

Приближува времето за старт на подготовките на женскиот суперлигаш Жито Прилеп. Засега нема датум за прв собир. Се очекува одлука на Управата со тренерот Пеце Велјаноски. Првотимките се нетрпеливи. Се интересираат за планот на тренинзите. Навивачите со внимание го следат развојот на настаните, а првата прозивка ќе покаже со каков играчки кадар ќе се влезе во борбата за опстанок.

Жито Прилеп есеноска заврши на 4. место со три бода предност пред последната Кожувчанка од Штип.

Loading