ТАЛЕНТ НА ВИДЕЛО

Марјан Радески

Најдобар млад фудбалер според ФФМ е Марјан Радески, поранешен член на 11 Октомври, сега на прволигашот Металург. Талентот на 18 годишникот веднаш се забележа од стручнаците. Детето од Ропотово обезбеди место во првата постава и е незаменлив во нападот на екипата од Автокоманда. Повикуван е за настапи во младите селекции до 19 и до 21 година.

Учеството во меѓународни мечеви е шанса за трансфер во странство. Клубовите се интересираат и од него зависи одлуката. Се “шушка” дека клубот сака што подолго да го задржи и дури кога ќе дојде најдобрата понуда да се договори за премин. Меѓу клубовите кои добро се запознати со квалитетите е белградски Партизан, каде претстојуваше уште како пионер.

Радески беше примен од градоначалникот Марјан Ристески.

Loading