РИСТЕСКА БРОЈ 1

Атлетика

Олимпијката Христина Ристеска е најдобрата атлетичарка во Македонија за 2013 година. Ова е признание од Стручниот совет на Атлетската федерација, при Изборот на најуспешните во Скопје.

Ланската година, за Ристеска претставуваше враќање на некогашната форма и уште една, убава потврда дека сосема заслужено беше одбрана за претставник на ОИ во Лондон 2012. Настапи на многу натпреварувања, од кои најзначајни се Европското под 23 години во Тампере, Финска, екипното европско во Банска Бистрица, Словачка, Балканијадата во Стара Загора, на митинзите во Пловдив, Бугарија и Тирана, Албанија. Најдобар резултат и е на 400 метри со време од 59,28 секунди. За споредба, во Лондон на истата патека истрча за 1, 00, 86 минута.

Според информациите, Ристеска како член се враќа во АК Трети ноември, така што секој нејзин успех е на контото и од матичниот клуб, каде тренер е Ѓорѓи Гешоски.

Loading