ПРВО, ПА МАШКО

Машко е првото бебе во Новата Година. Триесетитригодишната Александара Кондоска е најсреќната мајка, која три часа по полноќ на 1 јануари го донесе на свет нејзиното второ дете. Градоначалникот Марјан Ристески на првиот жител на Прилеп годинава му подари 15 илјади денари и пакет со хигиенски производи за нега. Тој негува надеж дека годинава ќе биде во знакот на бебињата, радости за татковците и мајките, бабите и дедовците и другите роднини на прилепските семејства.           

Раѓањето на машкото дете навестува богата и бериќетна година. А зголемувањето на наталитетот е приоритет за локалните власти, кои поддржувајќи ја владината политика ги стимулираат и финансиски помагаат повеќедетните семејства.

Само во првите неколку часови од новата година се родиле дури три машки, а родилките ја добиле комплетната здравствена нега во реновираното прилепско гинеколошко – акушерско одделение, кое е на рамна нога со многу приватни родилни болници, далеку поскапи и понедостапни за повеќето пациентки. 

Loading