МАЖИТЕ СЕ ВРАЌААТ НА СЦЕНА

Ракомет

После пет – шест години владеење на женскиот ракомет, на сцена стапува машкиот. Ако изминатиот период го одбележа женскиот суперлигаш Жито Прилеп, на ред е машкиот прволигаш РК Прилеп.

РК Прилеп есеноска го освои првото место во Првата лига и јасно ги потврди амбициите за пласман во елитното друштво. Клубот е организациски добро поставен, располага со квалитетен стручен и играчки кадар. Условите се солидни. Нужна е уште поголема финансиска поддршка да исчекори на повисоко ниво. Во Супер лигата ќе има место само за професионалци, а тоа подразбира потреба од поголем буџет. Премногу далеку се гигантите Вардар и Металург и во оваа ситуација целта ќе биде да се следат останатите суперлигашки екипи, како Зомимак, Пелистер…

Пролетта е неизвесна за ЖРК Жито Прилеп, клуб кој направи многу за градов. Беше еден од најдобрите женски тимови во државата, а во евро – куповите одигра 19 меча. Партиципираше со играчи во репрезентацијата, земаше засилувања од странство. Кризата го зафати лани и последица се заминувањата на 12 првотимки. Следеше падот од третото кон четвртото место на табелата. Извесна е борбата за опстанок во Супер лигата. 

Loading