ФОТОГРАФИИ – ,,КАРПИТЕ НА ТРЕСКАВЕЦ,,

Изложба на фотографии ,,Карпите на Трескавец,, од Зоран Ивановски од Скопје ќе биде отворена вечерва од 19 часот во галеријата на ЦК ,,Марко Цепенков,, со што ќе започнат годинешните активности од ликовната дејност на институцијата.

На фотографот ова му  е прво самостојно претставување во нашиот град, а фотографиите преку кои ги отсликува формите и облиците на природата на Трескавец неодамна ги виде и белградската публика.

Ивановски е дипломиран електроинженер и повеќе од една деценија ја истражува природата на Трескавец. Со фотографија се занимава од 1999 година. Од 2000 г. е член на клубот Елема од Скопје. 

Loading