ФОКУС НА ЗАШТИТАТА НА КУЛТУРНОТО БОГАТСТВО

Завод и Музеј

Заводот и Музеј, лани, со поддршка на Министерството за култура ставил акцент на заштитата на културното наследство. Според директорот Гордана Д. Спироска, од 25 проекти, 18 биле за заштитата, а останатите од музејската дејност.

– Со 750 илјади денари да ја завршиме конзервацијата на локалитетот Стибера. Реконструирани се сите објекти, односно  одбрамбениот бедем, одводниот канал како и два култни објекти. Со околу 300 илјади денари реконструирани се покривите на црквите Св. Никола и на Св. Димитрија во Варош. Завршена е реконструкцијата на источниот конак на манастирот Св. Архангел Михаил за три милиони денари. Го изработивме проектот за реконзервација на најстариот култен објект на Балканот – системот на жртвеници, археолошки се истражија локалитетите Трештена стена и Горно село. Го подготвивме и елаборатот за ревалоризација на Маркови кули. Капитална беше изработката на главниот проект за реконструкција на опожарените конаци на манастирот Трескавец. Почна адаптацијата на салата за етнолошката поставка. Го реализиравме проектот ,,Школите во музеите или музеите во школите,, со осум основни училишта – вели Спироска, потенцирајќи дека имале проекти и во Крушево.

Музејот годинава очекува Министерството да му одобри повеќе програми. Побарале за 56, од кои 43 се за  заштитата на културното наследство, 10 од музејската дејност и три инвестиции. 

Loading