ЗДРАВЈЕ, СРЕЌА И БЕРИЌЕТ ВО НОВОТО ЛЕТО

На новата година í се радувуваат сите, од најмало до најстаро. Секој посакува за себе си, и своите најблиски, да го служи здравје, да имаат среќа и успех во новото лето. И таткото на градот, Марјан Ристески, со желби за радост и бериќет немаше институција која не ја посети. Традиционално, новогодишни пакетчиња добија најмалите од детските градинки, првачињата од сите основни училишта, а не ги заборави ниту населените места. Ги посети борците, пензионерите, војниците, полицајците, штитениците од Старскиот дом, членовите на здруженијата со посебни и телесни потреби, како и неколку социјални семејства подарувајќи им основни намирници.

Предновогодишните средби ги искористи и за презентирање на програмите и проектите за следната година.  

Loading