НОВОГОДИШНО – БОЖИКЕН КОНЦЕРТ И ИЗЛОЖБА СО ИЗНЕНАДУВАЊА

Вечерва во ЦК “Марко Цепенков”

Под мотото “Уметноста нема граници” вечерва во ЦК “Марко Цепенков” ќе има две културни збиднувања –  изложба  на 30 слики од 19 часот и новогодишно – божикен концерт на истакнати македонски музичари од 20 часот.

Ќе пејат Симона Чакарјанова – сопран, Ангелка Гајтановска -сопран, Десанка Глигориевиќ – сопран, и баритоните Кристијан Антовски и Дарко Тодоровски, тенорот Христо Арсовски во пијано придружба на Тамара Коминовска, Константин Хаџи Коцев, Андреја Наунов и Даниел Ристески. Ќе се претстави и танцовиот клуб  “Сонриса”.

– Дел од средствата од влезниците ќе се насочат за едукација на млади кадри – вели прилепчанецот кој работи во Скопје, Кире Ристески, а кој ќе ја носи улогата на Дедо мраз на концертот со изненадувања.

На изложбата сликарските пориви ќе ги претстават Тони Шулајкоски, Мирослав Масин, Емил Шулајкоски, Цветанка Јованова, Маријета Сидовски, Срџан Микиќ, Дејан Иванов, Денис Тенев, Касиопеја Наумоска и Тони Чатлески.

Loading