ТРАДИЦИЈА ЗА НАВЕК

Одбележан празникот Свети Никола, заштитник на градот

Со 60-ина илјади посни сарми, посно гравче, риби, маслинки и вино, ракија и сокови во изобилие, вчера прилепчани го одбележаа празникот Свети Никола кој е заштитник на градот. Не отстапувајќи ни најмалку од традицијата, домаќинот – фирмата Микросам која го има за патрон овој светец, се погрижи за беспрекорно организирање на празникот. В година  домаќин ќе биде АД Мермерен комбинат.

Прилеп го прослави светецот заштитник,  по осми пат. Празнувањето започна со света литургија во црквата Свето Благовештение, со водоосветување и прережување на славскиот колач крај параклисот во центарот на градот, за потоа гостите да бидат сите на богата посна трпеза под отворено небо.

Празничната атмосфера се збогати со богатата музичка програма на плоштадот Александрија.  

Loading