СЕ СПАСУВА ФРЕСКОЖИВОПИСОТ ВО ЦРКВАТА СВ. НИКОЛА

Мариово

Заводот и Музеј ги заврши конзервациите во јужниот и во централниот дел на црквата Св. Никола во селото Манастир во Мариово. Зачувани се стариот и непроценлив фрескоживопис. Историчарот по уметност Благоја Атанасоски од Заводот и Музеј, вели дека  ова е прва фаза во заштитата.

– Продолживме со почната конзервација од пред две години, а која има три фази. Во првата го заштитивме живописот во централниот и јужниот брод. Санирана е поголема површина, односно средени се оштетувањата на сцените од житието на Св. Никола, а во другите бродови се насликани големите празници, страдањата на Исус Христос. Ги отстранивме напукнувањата, паднатите делови и ги третиравме со соодветни материјали – вели Атанасоски.

Реконзервацијата се врши по 40 години.

– Црквата е градена 1091 година, а  живописана е 1271 година. Реткиот живопис го заштитуваме, бидејќи црквата е една од најстарите, монументална што се ретки на Балканот, и по волумен и по квалитет на живопис. Претстојат останатите две фази – чистење на солите, наслагите и ретуш – додава советникот конзерватор. 

Loading