НАГРАДИ ЗА НАЈДОБРИТЕ

Клубот на литературни творци спроти празникот Свети Никола со литературно читање во Библиотеката го одбележа двегодишниот роденден. Се доделија пригодни награди на творци избрани за најдобри на распишаниот конкурс за средношколци.

Во поезија со награди се закитија Ивана Костоска, Сара Стомнароска, Наталија Тодороска, додека во проза најуспешни беа Ивана Илиеска, Марија Петреска, Симона Даноска, Андреј Богатиноски, Теодора Јагуриноска, Елена Ѓорѓиоска и Маја Цветкоска.

Клубот се стреми да го стимулира творештвото на младите.

Loading