БЕЛГРАД МУ ГОДИ НА СТАНОЈОСКИ

Шах

Велемајсторот Звонко Станојоски е одличен, трет на силниот меѓународен турнир во Белград. Во последното коло со црни фигури го совлада српскиот велемајстор Чабрило за пробив од шестото кон третото место. Ова е негов трет добар пласман, после шампионските 2006 и 2007. ФМ Роберт Велески со 5,5 поени е на 39. место, меѓу 183 шахисти од 11 земји.

Мошне силно беше и отвореното првенство на Скопје, каде меѓу 86 шахисти од Македонија, Албанија, Србија и Бугарија учествуваа неколку прилепчани. После девет кола, највисоко, на 11. место се пласира ИМ Тони Кироски. ФМ Славе Трајкоски е на 18. место, а Дејан Ѓорѓиески на 34-ти. Младинецот Мартин Николовски го зазеде 41. место. Солиден пласман имаше и пионерот Давид Манески – 70. место.

Loading