“УМЕТНИЦИТЕ ЗА СВЕТИ НИКОЛА”

ЦК “Марко Цепенков” заедно со општината вторпат в четврток, на 19 декември, ја организираат изложбата со 30 дела – икони, резби, слики, скулптури, на тема “Светци”. Во ликовниот салон од 13 часот во чест на празникот Свети Никола ќе изложуваат Благоја Атанасоски, Борче Тодороски, Александра Јовеска, Марјан Стојаноски, Наде Тоскоска, Стеван Боцески, Орде Стамболџиоски, Марија Стојаноска, Никола Топчиоски, Драган Верговски…, од Охрид, Ванчо Димоски, Даниел Колевски, Гоце Ѓорески, Јане Бакрески, од Битола, Стефан Малбашиќ, Соња и Златко Лечковски, од Гевгелија, Драги Хаџи Николов, кој е еден од иницијаторите.

Loading