“ПО ТРАГИТЕ НА СОВРЕМЕНИОТ ПРИЛЕП”

“По трагите на современиот Прилеп” беше насловена трибината во Библиотеката “Борка Талески” во организација на Комисијата за култура на ОК на ВМРО ДПМНЕ, а со цел запознавање на културата и историјата на нашиот град, на Горна Пелагонија и поддржување на напорите на Локалната самоуправа за заживување на културниот туризам.

За историјата на градот, почнувајќи од првите цивилизациски пројави,  сé до крајот на средниот век, од повеќе аспекти зборуваа професор д-р Милан Бошкоски, археолозите Дејан Кебакоски и Христијан Талески, историчарот по уметност Александар Василески и историчарот Горјан Василески. 

Loading