ПРИЈАТЕЛСТВО МЕЃУ ДЕЦАТАТА И ПОЛИЦИЈАТА

Одбележан денот на превенцијата

Тргнувајќи од онаа народната “подобро да се спречи, отколку да се лечи” и онаа дека најдобро се учи од мали нозе и се градат навиките, педесеттина вторачиња од ОУ “Климент Охридски” и “Кире Гаврилоски – Јане” ги посетија полицајците за 9-ти Декември – Денот на превенцијата и превентивното полициско работење. Чичковците во сината униформа со едноставни зборови им раскажаа како полицајците ги штитат граѓаните, нивните права, слободи и безбедноста. Малите главчиња љубопитно прашуваа и со поглед ја голтаа секоја нова глетка во домот на униформираните лица, задолжени за ред и мир, а кои ги пресретнуваат  криминалните однесувања и социо-патолошките појави. Децата се запознаа со полицијата и активностите кои се преземаат за безбедноста на граѓаните, посебно на најмладата популација.

Пријателството меѓу децата и полицијата е алка од довербата со граѓаните. Одделенијата за превенција се значајна форма на поврзување на полицијата со граѓаните. Од 2008 година, полицијата, декларирајќи се како сервис на граѓаните, заедно со ОБСЕ, ги формира одделенијата, покажувајќи ја ориентираноста кон превентивата и оттогаш се слави 9 декември за Ден на превенцијата во полицијата.

Loading