ПОТВРДЕН ТАЛЕНТ

Пинг – понг

Првиот од четирите предвидени зимски турнири од спонзорот на пингпонгарската лига, “Здравје Радово”, го потврди талентот на најмладите членови од ППК Младост 96. Во Куманово, во пионерска конкуренција, Александар Рикалоски стигна до финалето, каде загуби од штипјанецот Филип Костадиновски. Бојан Илиески беше сопрен во полуфиналето токму од Рикалоски, а во борбата за третото место е поразен од скопјанецот Методи Бужаровски.

Следниот турнир, за младинци, ќе се приклучи третиот талент Христијан Иваноски.

Loading