ОДМОР ЗА ЖИТО ПРИЛЕП

Ракомет

Тренерот Пеце Велјаноски одреди одмор за ракометарките на Жито Прилеп до 20 јануари. Претстои анализа. Никој во клубот не е задоволен. Не толку од четвртото место, туку повеќе од билансот: само три победи и дури седум пораза. Какви мерки ќе се преземат? Составот ослабнуваше, скусен е списокот предвиден од стартот и нужно е нешто да се направи. Заминување најавила и бекот Јасмина Андонова. Како што оди, добро ќе е да се сопре падот и барем да се обезбеди опстанок. Критично е петтото место, кое води во бараж, најлошо шестото кое значи отпаѓање. На есенската табела Жито Прилеп е четврти и има девет бода исто колку петтиот Металург јуниор, а последна со шест бода е штипска Кожувчанка.

Првенството продолжува кон крајот на февруари или почетокот на март.

Loading