АНОНИМНА КУЌАРКА

Една куќичка како барака или архитектура на минијатурен планинарски дом одолева на времињата со децении на Булеварот “Гоце Делчев”, спроти рекламите. Поставена на камен постамент, стои немо и го бележи времето, кога некогаш граѓаните беа повеќе ориентирани кон планините со многуте планинарски друштва и ја создаваа и ја одржуваа еко културата, влијаеа на поттикнување на љубовта кон карпите, шумите, реките, височините, односно кон природата. Куќарката едно време беше и информатор на активностите на планинарското друштво Златоврв. На дел од неа се лепеа слики од походите по планините во близина со облаците и небото. Таа беше позната за место за среќавање, за собирање на младите.

Убаво е што се одржува и остана печат на едно време. Но, уште поубаво би било да не биде анонимна.  “Сопствениците”, планинарите, би било добро да ја означат да стават табла и да ја одгатнат симболиката, дали е мала макета на планинирска куќа. Или, едноставно, што претставува таа, дали е огледало на богатата планинарска традиција, па помладите минувачи да научат каква приказна се крие зад минијатурната куќарка ставена на камен постамент.        

Loading