ВЕТИЈА ЕДЕН, ОСВОИЈА ТРИ

Борење

Среќа е во поглед на ветувањата сите да се како Борачкиот клуб 7 Мај Леов. Планираа еден, а донесоа три медали од Меѓународниот кадетски турнир во Белград. До 42 кг. првото место е за Леонардо Насески со финална победа над Бугарин, до 46 кг. втор е Бобан Бубрегоски со пораз од Унгарец. До 50 кг. втор е Теодор Темелкоски, по пораз од Полјак. Во секоја конкуренција имало по 16 од југоисточна Европа.

Следи последниот овогодишен турнир, во Бугарија.

Loading