СВЕТЛЕЧКИ МАЈМУНИ И МЕТАЛНА ЕЛКА

Иди Нова Година. Не само што тоа календарски следи, туку доаѓањето на највеселата, или како што многумина велат “најлудата” ноќ, се навестува и со поставената елка на плоштадаот “Методија Андонов – Ченто”. Металниот скелет ќе има зеленило да изгледа поприродно колку што може и големи лампиони со светликави ламбички во разни бои. Ќе блесне во полн сјај и околу неа ќе се вие оро кога стрелките на часовникот ќе се поклопат.

Покрај елката и Дедо мраз, градот ќе биде украсен со светлечка кочија со два коња, санка со четири елени, ангели, ѕвончиња, шаторчиња и слично.

Хит ќе биде новогодишното осветлување на популарниот туристички воз кој ке биде поставен во близина на општинската зграда. Избрана е фирмата изведувач која ќе го украсува централното градско подрачје.

Кадифените мајмуни со кригли в раце кои беа вистинска атракција за Пивофестот, за новогодишните празници ќе бидат заменети со светлечки. Дел од идеите се копираат и се црпат од искуствата во ЕУ, но секако онаа со мајмуните со ламби е оригинална, прилепска. Локалните власти водат сметка да искористуваат повеќе материјали кои се во функција од претходните години. Украсите ги изработуваат лица во градот со цел максимално да се направат што повеќе украси со скромен буџет.

Што се однесува до забавата во новогодишната ноќ, се зборува дека ќе настапи групата Биоритам. А кои ќе бидат другите забавувачи за радосната атмосфера на честитки, бакнежи и желби за дочек на 2014 година, од Локалната самоуправа не откриваат. 

Loading