СПОМЕНИК НА БЛАЖЕ КОНЕСКИ

По повод 20 годишнината од смртта

За 20 годишнината од смртта на Блаже Конески утре во 11 часот ќе се открие споменик кој се поставува веднаш до паметникот на Марко Цепенков. Монументалното дело од мермер од 2,4 метри е творештво на вајарот Бранко Конески. Споменикот ќе го открие градоначалникот Марјан Ристески.

Големиот македонски академик, книжевник, литерат, поет, еден од кодификаторите на современиот македонски јазик, роден во Небрегово, ќе биде претставен во седечка позиција.

Во Библиотеката ќе се одржи манифестацијата “Сеќавање за Конески”, на која ќе бидат прочитани беседи и литературни творби од и за Конески. 

Loading