СЕДМИ ПОРАЗ

Ракомет

По шесте, извесен беше и седмиот суперлигашки пораз на ослабениот Жито Прилеп. На гостувањето кај вториот тим на Вардар доживеан е неуспех со 24-20 (14-11). Домаќинот ги имаше расположените Русинки Љубљанија и Виноградова, како и Саздовска, кои постигнаа по шест гола, а голманката Петковска одбрани 20 удари. Гостинките по 20. минута ја бркаа негативата од три до пет гола со шесте погодоци на Шалевска и петте на Гичева, а недоволни беа 11 одбрани на Белмезова. Билансот есенва е три победи, дома со вториот Вардар, плус две со последната Кожувчанка, а порази, на гости од Кожувчанка, вториот Вардар, дома од вториот Металург, по два од Вардар СЦБТ и Металург. Табела: Вардар СЦБТ 25, Металург 22, вториот Вардар, Жито Прилеп и вториот Металург по 9, Кожувчанка 6.

Следи пауза до февруари, а подготовките се во јануари.

Loading