ОПСТАНОКОТ Е КАКО ТИТУЛА

Фудбал

Заврши полусезоната од најтешкото првенство во Втората лига и до пролет ниеден тим не е сигурен за опстанок. Никогаш вака не било, цела лига се плаши. Разбирливо, зашто, според пропозициите, само првите две влегуваат во Прва лига, до 6. место имаат опстанок, од 7. до 9. играат двократен бараж, од 10. до 16 директно отпаѓаат. Лигата од 16 се скратува на 10 екипи и практично опстанокот е вреден колку титула.

Прилепските второлигаши многу различни. 11 Октомври се крена две места на табелата после триумфот 1-0 над Новаци, по голот на Никовиќ со глава, на центаршут од Шаркоски. Беше четврта победа, покрај едно реми и 10 порази. Победа е запрена во Боговиње со пораз 2-1 од Дрита. Капитенот Мегленски немаше среќа од пенал, а голот на Јанкоски се покажа недоволен. Четвртиот пораз е, покрај петте нерешени и шесте победи. Планирани се засилувања.

Табела: Силекс 34, Тетекс 32 – Миравци 30, Врапчиште и Скопје по 24, Дрита – Победа и Маџари по 23, Корзо – Тиверија по 22, Зајас 19, Руфеја 14, 11 Октомври 13, Борец и Новаци по 12, Локомотива 8.

Loading