ИЗЛОЖБА НА ЦРТЕЖИ ОД КАЛИН НИКОЛОВ

Изложба од 40 цртежи од Калин Николов, уметник од Бугарија, ќе биде отворена вечерва од 19 часот во салонот на ЦК “Марко Цепенков”. На првото претставување во нашиот град Николов ги издвојува цртежите преку кои ја пренесува неговата најважна тема во уметноста, реалноста на раѓањето и смртта и нереалноста што е меѓу нив.

– Се борам да покажам дека нашето време може да биде потчинето на нашата волја со општите вредности на хуманоста – вели авторот.

Николов е академски сликар кој работи во Националната галерија  за уметности. Предавал историја на уметности во неколку уметнички колеџи, автор е на книги, илустрации, карикатури, графики, но и активно пишува статии.

Центарот за култура изложбата ја реализира во соработка со Бугарскиот културно информативен центар од Скопје.

Loading