АЏУЛЕСКА ДАДЕ 18 ГОЛА

Историја

Во осумдесеттите, покрај машките, се јавија и женски ракометни ѕвезди од Тутунски. Голгетерката Вера Аџулеска, тогаш Стојаноска, редовно постигнуваше над 10 гола, најмногу во 1986 дома со Млаз Богданци.

– Дадов 18, а 12 од седмерци. Искусната голманка Петрушева десетпати ја совладав меѓу нозе – се сеќава Аџулеска.

Миленичка на публиката, а не беше избрана за спортист на градов. Одбила многу понуди, најдобрата од хрватското Борово со стан, дупла плата, премии…

– Кога разбра управата, утредента ме вработија и останав – вели Аџулеска, сега тренер на младинките од Ж. Прилеп.

Loading